28 Mar Група: Зајанкување на ученици – прва работилница
Posted at 07:45h
in Uncategorized
На 22.3.2024 година се одржа еднодневна работилница во рамките на Проектот “Неми сведоци” со групата “Зајакнување на учениците”. Учесници на работилницата беа 20 ученици од Државниот средно училишен центар “Киро Бурназ” Куманово, а на активности се приклучија и 4 претставнички на стручна служба на училиштето . Низ работа на теми за:личен идентитет,приватно и јавно јас,се запознаваа помеѓу себе како група, преку тимска работа ги осознаваа сличностите и разликите, и стекнаа знаења за препознавање на предрасудите и стереотипите и нивното влијание врз комуникацијата со другите во секојдневниот живот. Проектот е поддржан од “Екуменска иницијатива жена” Хрватска, а го реализира Здружение “Доверба”Куманово
