22 Apr Група: Напредна помош на врсници – 2 работилница
Posted at 06:56h
in Uncategorized
На 12.04. во простории на Гимназија “Гоце Делчев” се одржа втора по ред еднодневна работилница на групата “Напредна помош на врсници” на која присуствуваа 24 ученици од трите средни општински училишта. Се работеше на теми за емоционална писменост и препознавање и менаџирање со емоции и на насилство и булинг. Прикажан беше и филмот “Тивки сведоци” . Работилницата ја посетија Раководител на сектор за образование во Општина Куманово Александар Јовановиќ и директорка на Гимназија Марија Тодоровска. Оваа работилница е во рамките на Проектот “Неми сведоци”поддржан од “Екуменска иницијатива жена” Хрватска, а го реализира Здружение “Доверба”Куманово
