11 Oct Центар за поддршка на ученици во ОСТУ Наце Буѓони
Posted at 08:29h
in Uncategorized
Во ОСТУ” Наце Буѓони” на 23.09 и 27.09. се одржаа презентации за прва и втора смена во рамки на проектот” Неми сведоци ” кој е поддржан од Ekumenskа inicijativa žena Омиш. На промоција на Центар за поддршка на ученици од страна на обучени ученички на 64 ученици претставници на Ученичка заедница и на Безбедни училишта им се претставија начини и можности за поддршка на жртви на насилство и ги потикнаа заедно со нив да се вклучат во Центарот за поддршка на учениците. Честитки за успешните презентации на Јасна Трајковиќ,Елена Јордановска,Тамара Јосевска, Ивона Петровска и Мила Јовановска од трета година и на Бисера Трајковска и Нина Арсиќ од четврта година.
