22 Oct Одржана Трка за мир
“Трка за мир” на 17.10. се одржа на атлетска патека на ОСТУ “Наце Буѓони” на која учество земаа над 100 учесници од 4 средни училишта вклучени во проектот “Неми сведоци”: Гимназија “Гоце Делчев”, СОУ “Перо Наков”, ОСТУ “Наце Буѓони” и ДСУ-РЦСOO “Киро Бурназ”. Младите најпрвин со свои тела го испишаа НЕ БИДИ НЕМ СВЕДОК со што дадоа поддршка на своите другари да се вклучат во Центрите за подршка на врсници кои веќе се отворени во 3 средни училишта со што активно ќе работат на надминување на потиснување на проблемот со врсничко насилство. На настанот се приклучија и корисниците на “Порака наша”, како и претставници на општината, професори, членови на стручна служба и мнобројни врсници од 4-те средни училишта. На сите присутни им беа поделени маици на македонски и албански јазик, со натпис “Поддршка од срце” “Не набљудувај реагирај!” На претставници на вклучени училишта беа доделени благодарници за соработка. На тркатаа од 60 и 200 метри поединечно за машки и женски не избиравме победник -сите заедно сме поддршка на идејата. Проектот е поддржан од Екуменска иницијатива жена Хрватска.
