15 Feb Отпочна реализацијата на проектот “Заедно сме посилни! – преку врсничка едукација до здравје и ненасилство” поддржан од ЕИЖ-Омиш, Хрватска
Posted at 21:14h
in Uncategorized
Претседателка на Здружение “Доверба” Куманово потпиша Mеморандуми за соработка со директори на Гимназија “Гоце Делчев ” Марија Тодоровска, ОСТУ” Наце Буѓони” Драган Јаневски и СОУ” Перо Наков” Мила Жибак во рамки на проектот “Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство”, кој се реализра во период од 01.02.до 01.10.2025год.
Целта на проектот е да се поддржи менталното здравје, да се зајакне психосоцијалната и социо-емоционалната компетентност на младите, родителите како и професорите и да се создаде безбедна, поддржувачка и ненасилна средина во 4 средни училишта во Куманово.
По обука за “Врснички едукатори за ментално и емоционално здравје” 24 ученци ќе држат обуки на истите теми и ќе помагаат на своите врсници.
Посакуваме успешна реализација на проектните активности со учениците поддржани од своите родители, и професори за зајакнување на младите и креирање на поздрава и посреќна средина .Проектот е поддржан од на Екуменска иницијатива жена-Омиш, Хрватска.





