30 Mar Работилници од програма за Превенција од Насилство и Промоција на Ментално Здравје: „Безбедни Простори за Млади“
Posted at 14:13h
in Uncategorized
Поддршка на менталното здравје, зајакнување на психосоцијалната и социо-емоционалната компетентност на младите за врснички едукатори/ки за ментално здравје. Во рамките на проектот „Заедно сме посилни – преку врсничка едукација за подобро ментално здравје и ненасилство“, здружението на граѓани „Доверба“ деновиве реализира работилници во кои се вклучени ученици од средните училишта „Наце Буѓони“, „Гоце Делчев“ и „Перо Наков“. 27-те средношколци активно работат како да се справат со сопствениот стрес, како да побараат поддршка, а понатаму ќе работат и како тие да бидат поддршка во своите училишта односно да ги едуцираат своите врсници и другари.
