01 May Работилница на групата: “Врснички едукатори за ментално и емоционално здравје”
На 7-ми април се одржа финален дел од обуката 23 ученички од трите средни училишта Гимназија “Гоце Делчев” ОСТУ “Наце Буѓони” и СООУ “Перо Наков “во рамки на проектот “Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство” од програмот за “Врснички едукатори за ментално и емоционално здравје” продолжија со интензивна работа посветена на темата одговорно онлајн однесување и дигитална безбедност, но овој ден имаше и дополнителна – особено важна компонента: креирање на едукативни материјали кои ги опфаќаат сите теми што ги обработуваа низ обуката – самодоверба, емпатија, ментално и емоционално здравје, стрес, справување со насилство и дигитална безбедностУчениците не само што стекнаа знаења, туку и спремност да бидат носители на промена во нивната средина. Преку креативна работа, критичко размислување и искрени разговори, ја прифатија својата улога како едукатори и да понудат психосоцијална поддршка на своите врсници со ентузијазам и одговорност.
Проектот е поддржан од Ekumenska inicijatva žena Omiš
