11 Jun Креативна работилница за поезија
Posted at 12:41h
in Uncategorized
На 27 мај во библиотеката Тане Георгиевски во Куманово се одржа работилница во организација на Здружение “Доверба” Куманово, проектна активност “Заедно сме посилни! -Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство. Работилницата ја водеа претседателка на здружението Дивна Јанкова и проф. Александар Стефановски на која учествуваа средношколци од сите средни училишта од општина Куманово. Низ разговор, поетско читање и игра, учесниците ги изразија своите чувства и емоции во творби кои се надевам ќе се најдат и во печатена верзија.
