19 Sep Jaвна трибина на Здружение Доверба Куманово
На 16.09.2025 се одржа трибина на тема:
“Менталното здравје на младите денес е сериозен општествен предизвик.”
Сè повеќе се јавува потреба од поддршка и разбирање – и во семејството, и во училиштето.
Во пријатна атмосфера, над 60 учесници – средношколки, професорки, стручни лица и родителки – имаа можност да го следат онлајн излагањето на Акад.проф. д-р Љупчо Кеверски и да дискутираат за начини на зајакнување на капацитетите за поддршка на младите.
Модераторка на настанот беше Дивна Јанкова раководителка на проектот.
Акцентот беше ставен на значењето на поврзаноста и улогите на семејството, училиштето и заедницата, како и нивната заедничка одговорност. Се разговараше за препознавање на симптоми на нарушено ментално здравје и начини за нивно надминување преку примери од праксата.
Во панел-дискусијата на крајот, учесниците поставија важни прашања:
- Кои се најголемите предизвици?
- Како да бидеме подобра поддршка?
- Што можеме да смениме веднаш?
Настанот се реализираше во рамки на проектот „Заедно сме посилни! – преку врсничка едукација до здравје и ненасилство“, во организација на Здружение „Доверба“ Куманово, со поддршка од Ekumenska inicijativa žena – Omiš, Hrvatska.
Во рамки на трибината беа поделени и:
Сертификати на учесниците во обуките во рамки на проектот од 4те средни училишта: ОСТУ „Наце Буѓони“, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, СООУ „Перо Наков“ и ДСУ„Киро Бурназ“
