20 Nov Работилница со родители и наставници од ООУ Кочо Рацин-Куманово
Posted at 21:12h
in Uncategorized
Преку зајакнати семејства – до поздрава заедница!
На 13.11. во ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово одржавме интерактивна работилница со родители и наставници на тема: емоционална поддршка, дигитална безбедност и рана детекција на ризици кај младите.
Учесниците активно се вклучија, разменуваа искуства, преку играње улоги решаваа ситуации и добија практични насоки за подобра комуникација и поддршка на младите.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно со младите во поддршка и превенција од социјални ризици“, кој Здружението „Доверба“ – Куманово го реализира со финансиска поддршка од Општина Куманово.
