02 Mar Потпишани Меморандуми за соработка со 4-ри средни училишта
Во текот на февруари 2026 Здружението „Доверба“ Куманово склучи Меморандум за соработка со:
ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово
Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид
за реализација на проектот „Здрави врски – основа за ментално здравје“, поддржан од Екуменска иницијатива жена – Омиш, Хрватска.
Проектот има за цел да ги оспособи девојките (16–19 години) да препознаваат токсични врски, да поставуваат здрави граници и да градат самодоверба, како и да обезбеди поддршка и едукација за наставниците и родителите.
Во рамки на проектот се предвидени обуки, врснички работилници и изработка на едукативни материјали со активно учество на учениците.
Особено значајно е што девојките ќе преземат активна улога како врснички едукаторки и лидери во своите училишта, пренесувајќи знаење, охрабрување и поддршка на своите врсници.
- секоја девојка заслужува врска во која се чувствува безбедно, почитувано и вреднувано.
- силата започнува од свесноста.
- здравите врски градат здраво општество.
- заедно создаваме простор каде младите девојки растат во самоуверени, храбри и поддржани личности.
