12 Nov Трибина во проект: Креативно решавање на проекти
На 12.11.2024. се одржа трибина на тема „Креативен процес во функција на решавање на судири во училиште “ на која присуствуваа наставници, претставници на стручна служба и директори од средни и основни училишта во Куманово како и Раководител во сектор на образование Александар Јовановиќ. Водител на трибина беше професор др. Софија Глигоровска од Филозофски факултет Скопје. Низ интерактивен пристап преку вежби и споделување на искуства и идеи за поефикасен пристап кон зајакнување и разбирање на ученици во овој процес им помагаме да доживеат самопочитување и самопотврдување, а со тоа да станат и поотпорни на фрустрации и помалку склони на деструктивно и агресивно однесување. На трибината беше поделена и брошура. Оваа активност е во рамки на проекотот “Креативно решавање на судири” кој е поддржан од Екуменска иницијатива жена-Хрватска.
