15 Feb Потпишани се меморандумите за соработка со средните училишта во Куманово
Posted at 21:18h
in Uncategorized
Претседателка на Здружение “Доверба” Куманово потпиша Mеморандум за соработка со директорка на РЦСОО”Киро Бурназ” Весна Трајковска во рамки на проектот “Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство”, кој се реализира во период од 01.02.до 01.10.2025год.
Целта на програмата е да се поддржи менталното здравје, да се зајакне психосоцијалната и социо-емоционалната компетентност на младите, родителите како и професорите и да се создаде безбедна, поддржувачка и ненасилна средина во 4 средни училишта во Куманово.
По обука за ” Врснички едукатори за ненасилна комуникација и медијација ” 21 ученик ќе држат обуки на своите врсници, но и ќе посредуваат при решавање на меѓусебни спорови. За своите заложби за ненасилство ќе снимат и видеа во рамки на креативни работилници. Планирани се и обуки за нивни родители и професори.Проектот е поддржан од страна на Екуменска иницијатива жена-Омиш, Хрватска.




