30 Mar Работилници во проект: Заедно сме посилни!-Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство
Во рамки на проектот “Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство” 27 ученици од 3 средни училишта ОСТУ” Наце Буѓони” ОСУ “Перо Наков” и Гимназија “Гоце Делчев ” од програмот за “Врснички едукатори за ментално и емоционално здравје” на 18, 21 и 24.03. следеа обуки на теми за: важноста на позитивна слика за себе и самодоверба, емпатија,асертивност, создавање на механизми за самоодбрана, јакнење на ментално и емоционално здравје и справување со стрес. За овие три дена многу тажни во нашата земја успеавме со овие млади луѓе во атмосвера исполнета со енергија, искреност, и длабоки разговори во кои се отвораа, слушаа, се поддржуваа и се инспирираат едни со други да поминеме низ нешто што можам да кажам дека не беше само обука – туку беше и вистинска школa за живот. На крај на ова тридневно патување отидоа во своите училишта со верба во себе и со позитивна енергија да им помагаат и на своите другари.
Целта на програмата е поддршка на менталното здравје, зајакнување на психосоцијалната и социо-емоционалната компетентност на младите.
Проектот е финасијски поддржан од Екуменска иницијатива жена-Омиш
