12 May Работилница на врснички едукатори за ментално и емоционално здравје со соученици
Обучени врснички едукаторки за ментално и емоционално здравје: Тамара Јосевска, Јасна Трајковиќ, Мила Ивановска и Мила Васиљкова одржаа две инспиративни работилници за своите врсници во ОСТУ „Наце Буѓони“ на темите за анксиозност и самодоверба.
63 ученици од прва и трета година на 06.05 и 07.05. низ интерактивни вежби и отворена дискусија имаа можност подобро да се запознаат со себе а добија и можност да зборуваат отворено за своите чувства, да добијат поддршка и да се зајакнат во справувањето со секојдневните предизвици.
Работилниците беа простор за поддршка, разбирање и охрабрување – чекор поблиску до посреќно и посвесно младинско секојдневие. На работилници беа присутни и училишен психолог и дефектолог.
Активноста е дел од проектот „Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство“, што го реализира Здружение „Доверба“ – Куманово со поддршка од Ekumenska Inicijativa žena-Omiš.
